16 C
Ohrid
Tuesday, May 24, 2022

Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ најавува стоп за секој штетен закон

НАЈЧИТАНО

„Ние и во минатото за секој штетен закон правевме активен бојкот и блокиравме сѐ што е штетно за државата. Ова активно блокирање на многу закони е бидејќи имаме енергетска криза, здравствена криза, ценовни шокови… И затоа вчера извадивме транспарент дека ова е национална катастрофа. Затоа се потребни предвремени парламентарни избори“.

Ова го изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, гостувајќи во емисијата ,,Што не е јасно” на Алфа телевизија. Тој рече дека нервозата кај владејачкото мнозинство е очигледна, бидејќи вчера не им поминал дневниот ред па седницата морала да биде прекината.

– Не смееме да заборавиме дека ние како ВМРО-ДПМНЕ подадовме рака, понудивме да разговараме за сите теми во општеството и ова го зборуваме добронамерно. Имаме штрајк во образованието, инфлацијата веќе е двоцифрена, нема странски инвестиции, нема економија, здравството е во колапс, секој сегмент кога ќе го погледнете во секоја институција е девастиран и затоа велиме, ајде да разговараме, да седнеме, посебно за крупни теми, каква што е прашањето за Бугарија. Да видиме што се преговара, како се преговара, граѓаните да го знаат тоа. Но тие се плашат, бидејќи ние ќе кажеме на граѓаните што се случува – вели тој.

Мисајловски додаде дека опозицијата ќе продолжи со ова темпо.

– Ние сме опозиција и ќе бидеме постојано на работа од сабајле до вечер, ќе се јавуваме за секој еден закон, ќе поднесуваме амандмани – рече Мисајловски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО