25.9 C
Ohrid
Wednesday, July 6, 2022

Мировно решение, поделба на Украина или конфликт во недоглед

НАЈЧИТАНО

И руските и украинските претставници барем декларативно се залагаат за мировно решение, иако руските трупи на теренот ја интевизираат борбата.

Марк Џалеоти, професор на Колеџот за словенски и источноевропски студии од Лондон, смета дека Русија со бомбардирањето на украинските градови, всушност се обидува да изврши дополнителен притисок врз другата страна.

Џалеоти смета дека во игра се три сценарија за украинската криза.

Демилитаризација на Украина

Доколку Украинците ги прифатат актуелните барања на Русите, тогаш тоа ќе биде во суштина пораз за Владимир Путин, но пораз со кој тој ќе може да се сложи. Тоа ќе значи најверојатно дека Украина ќе се откаже од Крим и од Донбас, нема да биде дел од НАТО, а утешна награда ќе биде тоа што ќе добие пристапен договор со ЕУ. И двата претседатели се доволно популарни овој план да го спроведат во дело. Сепак, професорот вели дека и овој договор ќе значи и меѓународно признавање на промена на граници, што би можело да доведе до нови војни низ светот. Не е исклучено дека во таа ситуација Путин ќе се обиде истото што го прави во Украина, да го направи во Грузија и Молдавија.

Според Џалеоти, Русите можат да се надеваат воено да го освојат истокот на Украина, а земјата би можела да се подели долж реката Днепар, што ќе претставува нова граница.

Во тој случај тој очекува герилски напади на Украинците, кои ќе се обидат да ја ослабнат окупацијата на својата територија.

Долга војна

Доколку пропаднат првите две варијанти, лондонскиот професор смета дека тогаш војната ќе продолжи. Тоа ќе ги исцрпи и двете страни и ќе предизвика големи последици по економиите на Русија и на Украина.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО