16.9 C
Ohrid
Friday, July 1, 2022

Министрите на Трифонов в понеделник поднесуваат оставки

НАЈЧИТАНО

Двајцата министри на партијата „Има таков народ“ (надворешни работи и енергетика), која пред неколку дена беше дел од бугарската владејачка коалиција, во понеделник ќе поднесат оставки од функциите, откако лидерот на партијата, Слави Трифонов, најави дека ги повлекува своите министри од владата.

Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска во Варна изјави дека во понеделник ќе поднесе оставка, согласно одлуката на ИТН.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Генчовска за БНР коментираше дека Бугарија ја потврдува својата позиција за задржување на ветото за почеток на преговорите во Република Северна Македонија и дека веќе има разбирање од европските партнери за нивниот став.

Запрашана за тоа дали не се врши притисок од нивните европски партнери за пристапувањето на Северна Македонија, Генчовска кажа дека сите европски партнери се веќе свесни за бугарската позиција, знаеле за условите на Бугарија од кои таа нема да отстапи. На овој начин, според неа, Бугарија ќе продолжи да ја брани својата позиција.

Министерството за енергетика на Бугарија соопшти дека министерот Александар Николов во понеделник ќе поднесе оставка.

Бугарскиот заменик министер за енергетика, Пламен Данаилов од „Има таков народ“, за Еуроњуз Бугарија изјави дека од нивната партија било побарано  продолжување на договорот со „Газпром“ додека не се најде сигурен извор на снабдување.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО