16.1 C
Ohrid
Saturday, August 13, 2022

Министерството ѝ ја одзеде ингеренцијата на општина Тетово да именува директори

НАЈЧИТАНО

Министерството за образование и наука известува дека го одзема вршењето на работите на Општина Тетово за именување и разрешување директор на Средното општинско училиште Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ – општина Тетово, затоа што и покрај укажувањата и преземените мерки и активности од Државниот просветен инспекторат, не обезбедила извршување на работите што со закон се утврдени како нејзина надлежност.

Државниот просветен инспекторат на 8 јули го извести Министерството за образование и наука дека е извршен вонреден инспекциски надзор во СОУГ „Кирил Пејчиновиќ“ во општина Тетово по иницијатива на разрешениот директор на училиштето. Утврдено е дека градоначалникот на општина Тетово го разрешил директорот без претходно спроведена постапка во согласност со законот и именувал вршител на должноста директор, информираат од Министерството.

Инспекторатот му укажал на градоначалникот за незаконитата постапка. Во согласност со законот, Инспекторатот извршил контролен инспекциски надзор со цел да утврди дали градоначалникот на општина Тетово постапил по укажувањето. Утврдено е дека решението за разрешување на директорот сѐ уште не е поништено, а функцијата вршител на должност сѐ уште ја врши новоименуваниот директор.

„Вршењето на одземените работи, во согласност со законот, го презема Министерството за образование и наука во име и за сметка на Општината во траење од 12 месеци“, потенцираат од МОН.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО