1.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Министерството за одбрана вели дека е отворена истрага за кражбата

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Oтворена е истрага за кражбата во одделението за одбрана кое е привремено сместено во просториите на Јавно претпријатие, соопшти Министерството за одбрана откако беше прозвано од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки да каже како се случило да бидат украдени документи класифицирани како „строго доверливи“.

За случајот со кражбата во одделението за одбрана кое е привремено сместено во просториите на Јавно претпријатие, отворена е истрага од релевантни надлежни организациони единици во Министерството за одбрана кои во соработка со МВР треба да ја завршат оваа постапка“, се наведува во реакцијата од Одбрана.

Во однос на обвинувањата од поранешниот припадник на Армијата а сега пратеник Ковачки, од Министерството информираат дека кривична одговорност ќе има и за сторителите но и за организаторот и поттикнувачот на овој криминал.

„Во однос на тоа со каков степен на класификација се документите никој не може да зборува пред да се заврши истрагата. Го повикуваме пратеникот Ковачки да се воздржи од ширење дезинформации и да ги прочита законските прописи кои изминатиот период покажа дека не му се јака страна. Ја известуваме јавноста дека не станува збор за документи кои можат да наштетат на виталните интереси на државата, бидејќи такви документи нема во компјутерите на подрачните одделенија за одбрана“, се додава во реакцијата од Министерството за одбрана.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Почина актерката Ени Вершинг

По долга борба со ракот, актерката Ени Вершинг, најпозната по улогите во сериите „Безвременски“ и „24“, почина на 45-годишна возраст. Тажната вест ја објави нејзиниот...

Авион Ф-4 фантом на грчката воена морнарица, утрово паднал во Јонското море, а во тек е потрага по двајцата пилоти

Авион Ф-4 фантом на грчката воена морнарица, утрово паднал во Јонското море, а во тек е потрага по двајцата пилоти, објавија грчките медиуми. Според новинската...

На празникот Св. Антониј Велики оставка поднесе Нефи Усеини за градо-спасение

Денес на големиот празник Св. Антониј Велики, триесеттиот ден во Новата календарска година во Охрид се одбележува празникот Совето-спасение. На овој голем ден оставка...
spot_img
spot_img
spot_img