5.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Министерот Спасовски од Охрид по повод Богојавление – Водици: Сведоштвото за духовното раѓање нека донесе единство

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, присуствуваше на литија во Охрид и традиционално фрлање на светиот крст во Охридското Езеро, по повод одбележување на христијанскиот празник Богојавление – Водици.

Честитката од министерот Спасовски ја пренесуваме во продолжение:

Утрово, во убавиот Охрид – македонскиот Ерусалим, заедно со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и илјадници македонски верници, присуствував на литија во чест на празникот Богојавление – Водици, на традиционалното фрлање на светиот крст во водите на Охридското Езеро.

Дозволете во свое и во име на МВР да ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици, со срдечни желби за здравје и духовен спокој.

Сведоштвото за Христовото крштевање го означува Почетокот на обновата, на спасоносната вера, Почетокот на Сѐ, преку прочистување или ослободување од гревот.

Кога Јован Крстител го крштевал Христа во водите на Јордан се покажала и Христовата мисија како пат на спасението на човештвото.

Сведоштвото за духовното раѓање нека донесе единство – eдинствo на умoт, срцeтo и вoлјата, а Богојавленскиот водосвет нека благослови со здравје, љубов, мир и хармонија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Газдата на Фејсбук е на 21 место со „само“ 55 милијарди долари

На најновата листа на милијардери на Блумберг објавена денеска прв е Французинот Бернар Арно, сопственик на бројни познати брендови, меѓу кои и „Луј Витон“,...

Грција ја потврди смртта на воениот пилот чиј авион се урнал во морето

Грција ја потврди смртта на триесет и едногодишниот пилот Ефстатиос Цитлакидис, чиј борбен авион Ф-4 Фантом во понеделникот се урна во Јонското Море. Телото на...

Во Холандија е потврдено кравјото лудило

Холандските власти потврдија дека кравата што умрела на фарма во таа земја имала таканаречена кравјо луда, ретка невродегенеративна болест кај говедата која може да...
spot_img
spot_img
spot_img