8.9 C
Ohrid
Sunday, December 4, 2022

Министерката пречекана во Лондон со највисоки воени почести

НАЈЧИТАНО

Со церемонија со највисоки воени почести денеска започна официјалната посета на Обединетото Кралство на министерката за одбрана Славјанка Петровска и делегацијата од Министерството.

Петровска беше пречекана со добредојде на македонски јазик и со изведба на македонската народна песна „Јовано, Јованке“ на Воениот оркестар на Обединетото Кралство.

– Од Лондон ја испраќаме пораката дека ја осудуваме инвазијата врз Украина. Но, истовремено испраќаме и порака на обединетост на сојузниците и подготвеност да ја гарантираме безбедноста на државите – членки на НАТО Алијансата – рече Петровска по средбата со нејзиниот британски колега, министерот за одбрана Бен Валас.

Од прес-службата на министерката информираат дека таа порачала оти ова е прва официјална посета на Обединетото Кралство и се реализира во едно тешко време за континентот – воена инвазија врз суверена и самостојна држава, проследена со страдање и човечки жртви.
Британскиот министер Валас го потврдил ставот дека НАТО е единствено во цврстата заложба кон колективната безбедност во НАТО. Валас порачал дека членството на Северна Македонија во НАТО е особено важно за зачувување на безбедноста во регионот и се заложи за зајакнување и продлабочување на билатералната соработка помеѓу двете земји.

– Заедно со Обединетото Кралство и понатаму ќе продолжиме да ги развиваме капацитетите и да ги зајакнуваме способностите на македонското Mинистерство за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија – порача министерката Петровска.

Во соопштението се додава дека Обединетото Кралство го поддржува развојот на армиските капацитети на повеќе полиња – во Министерството работи британски советник за трансформација на Армијата, тим од Обединетото Кралство дава поддршка за развој на армискиот полигон „Криволак“, а македонски офицери имаат шанса да се школуваат на највисоките воени школи во Велика Британија.

Припадниците на двете армии изведуваат заеднички вежби и обуки и годинава британски војници ќе бидат дел од досега најголемата воена вежба на армискиот полигон „Криволак“, вежбата „Брз одговор 22“ планирана за напролет.

Фото: МИА

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО