16 C
Ohrid
Tuesday, May 24, 2022

Милош Биковиќ мами воздишки кај припадничките на понежниот пол каде и да се појави, на филм, во реклама, на Инстаграм

НАЈЧИТАНО

Најпопуларниот српски актер Милош Биковиќ мами воздишки кај припадничките на понежниот пол каде и да се појави, на филм, во реклама, на Инстаграм.

Биковиќ неодамна објави фотографија од теретана на својот профил на Инстаграм, со детален, но и комичен опис на своето мени и вежбањето. Биковиќ, исто така, откри кога и колку вежба, како и колку паузи прави во текот на еден тренинг.

„Ќе ви ја откријам мојата тајна… Секое утро почнувам со тренинг, добро не баш секое, но важно е да се тренира наутро поради метаболизмот бидејќи не знам всушност зошто, затоа што ме мрзи да станувам рано, па и никогаш не тренирам наутро, но затоа секако често правам паузи помеѓу сериите од  пошест месеци до една година, бидејќи одморот е важен за развој на мускулите и се хранам здраво, јадам мрсно, слатко, алкохол, тесто… бидејќи организмот ми бара, а организмот знае што му треба, а треба да му се даде додека бара кога тренирате или во паузите помеѓу тренинзите, на пример, дупли сладолед со карамела, мрсен кашкавал со пржена сланина, па тестенини… во 4 часот наутро, по тој редослед и тоа е мојата тајна да изгледате како пајак, стомакот сè поголем, а рацете и нозете сè потенки, иако повеќе не е ни тајна, сега кога веќе ви кажав, така што ете“, напишал славниот актер.

 

 

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО