20.9 C
Ohrid
Sunday, October 2, 2022

Милошоски смета дека пцостите на спикерот се досега најтешка повреда на Етичкиот кодекс

НАЈЧИТАНО

Пратеникот Панчо Минов, кој е претседател на Комисијата за деловнички прашања во најкус можен рок треба да закаже јавна седница, да го покани и пратеникот Талат Џафери и да му изрече јавна опомена, повика денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Ова, според него, би бил еден чекор кон очекуваната оставка после бруката во Собранието.

Според Милошоски, тешка повреда сторил пратеникот кој што врши притисок на државните службеници и на другите вработени во Службата на Собранието во извршувањето на нивните работни задачи“. Тој го цитира членот 14 од Кодексот за етичко однесување на пратениците кој е усвоен во 2018, а како прв предлагач потпишан е пратеникот Талат Џафери.

„Истиот пратеник од позиција на претседател на Собранието на 11 мај, како што слушна целата јавност, со крајно вулгарен речник врши притисок кон вработените во службата за седници во Собранието, пцуејќи ги нивните мајки и омаловажувајќи го нивното достоинство. Ова е досега најтешката повреда на Етичкиот кодекс, која мора да биде санкционирана согласно истиот“, наведува Милошоски на својот профил на Фејсбук.

Претседателот на Собранието Талат Џафери заедно со координатори на пратеничките групи, генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова, собраниски службеници, како и претставници од НДИ од денеска до четврток (19 мај) ќе биде во студиска посета на германскиот Бундестаг во Берлин.

На аудио снимката што беше објавена на Твитер може да се слушнат навредливи и недолични пораки од машки глас.

– Сите од служба, конкретно од седници, веднаш кај мене, сите позади што седат сите до еден, вие што сте на плата и уште си е..те мајка овде. Што бараш бе ти овде, ајде бегај таму, бегај, излези – ова е дел од говорот кој е снимен тајно а потоа објавен на социјалните мрежи од каде што го презедоа медиумите.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО