5.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Милијардер ќе се дружи со Роналдо, Меси и Нејмар – платил влезница за натпревар од 2,6 милиони долари

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Саудискиот мултимилијардер Мушреф ал – Гамди плати на хуманитарна аукција 2,6 милиони долари за ВИП влезница за утрешниот ревијален натпревар во Ријад на кој ќе настапат Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Португалецот Роналдо ќе го предводи тимот составен од играчи од саудиските прволигаши Ал Наср и Ал Хилал во хуманитарен натпревар против францускиот шампион ПСЖ, предводен од Аргентинецот Лионел Меси.

Тоа ќе биде прв настап за Роналдо откако во декември потпиша рекорден договор со Ал Наср.

За да го промовираат натпреварот, саудиските организатори организираа хуманитарна аукција за ВИП влезница. Лицитацијата почна со 266.000 долари, а заврши со 2.6 милиони колку што за билетот плати генералниот директор на групацијата за недвижности „AqarOne”, Ал – Гамди.

Влезницата нуди низа поволности, меѓу кои и пристап до соблекувалните, како и средби и фотографирање со Роналдо, Меси, Нејмар и Килијан Мбапе.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

„Макпетрол“ најави намалување на природниот гас за 41 денар

Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на  природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ информира дека цената...

Кањонот Матка да се прогласи за споменик на природата

Владата на денешната седница го усвои Предлогот на законот за прогласување на Кањон Матка за заштитено подрачје во категоријата III – споменик на природата....

Засилувањата на Челзи би можеле да носат два различни броеви на дрес оваа сезона?

Засилувањата на Челзи би можеле да носат два различни броеви на дрес оваа сезона? Рекордното засилување на Челзи од британскиот клуб, Енцо Фернандез, кој пристигна...
spot_img
spot_img
spot_img