24.9 C
Ohrid
Tuesday, August 16, 2022

Милијардерот возврати – слобода на брадавиците

НАЈЧИТАНО

Откако деновиве беше снимен како без маица, односно во костим за капење, ужива на летувањето пловејќи околу грчкиот остров Миконос, Илoн Маск објави твит со кој повикува на „слобода на брадавиците“.

Маск беше фотографиран без маица кога отишол на одмор со мала група пријатели. Тие пловеле по Егејското Море на „Зевс“, моторна јахта која може да прими шест гости и чини речиси 20.000 долари неделно, пренесува „Пејџ сикс“.

„Хаха… можеби треба почесто да ја соблекувам маицата… Слобода на брадавиците!!“, напиша Маск и додаде дека повеќе не е на одмор, туку се вратил во фабриката.

Тоа е коментар на реакциите на екипата на социјалните мрежи кои го исмеваа поради бојата на неговиот тен. „Се надеваме дека ставил крем со висок заштитен фактор“, „Ликот е бела техника“, „Кој не би имал дете со овој човек“, биле коментарите на хејтерите.

ФОТО: Твитер

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО