8.9 C
Ohrid
Sunday, December 4, 2022

Милион деца ќе се вакцинираат против детска парализа

НАЈЧИТАНО

На децата кои живеат во Лондон ќе им биде понудена дополнителна доза од вакцината против детска парализа по откривањето на вирусот во канализацијата во британскиот главен град, соопштија во средата здравствените власти.

Заедничкиот комитет за вакцинација и имунизација на Обединетото Кралство соопшти дека целна инактивирана доза на вакцина против детска парализа треба да им се понуди на сите деца на возраст од една до девет години во сите квартови во Лондон.

– Ова ќе обезбеди високо ниво на заштита од детска парализа и ќе помогне да се намали понатамошното ширење на вирусот – се вели во соопштението на Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство во кое го објави овој потег.

Речиси милион деца на таа возраст живеат во регионот на Лондон, според најновите податоци на Канцеларијата за национална статистика на Велика Британија.

Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство додаде дека на национално ниво севкупниот ризик од детска парализа се смета за низок бидејќи повеќето луѓе се заштитени од него со вакцинација.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО