0.9 C
Ohrid
Sunday, January 29, 2023

Микрометеорити почнаа да удираат во огледалото на Веб

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Микрометеорит (ситна вселенска карпа) што го погоди вселенскиот телескоп Џејмс Веб (JWST) во мај предизвика поголема штета од очекуваното и ќе има трајни ефекти врз квалитетот на собраните снимки, се вели во извештајот на НАСА. За споредба, другите метеорити кои го погодија телескопот во првите шест месеци во вселената не оставија значајни траги.

Извештајот вклучува и слика на која се гледа оштетување на еден од шестоаголниците што го сочинуваат главното огледало на телескопот, наречено C3. „Ударот на микрометеоритот што се случи помеѓу 22 и 24 мај 2022 година ја надмина штетата што ја очекувавме од индивидуален микрометеорит“, се наведува во извештајот.
Успехот на главното огледало е одреден од степенот до кој ја искривува ѕвездената светлина што допира до него. Ова се мери со пресметка наречена коренска средна квадратура (или скратено „rms“) грешка на брановиот фронт. На почетокот на мисијата, сегментот C3 имаше измерено отстапување на брановиот фронт од 56 rms нанометри, што беше на исто ниво со другите 17 сегменти што го сочинуваат огледалото. Но, поради ова оштетување на C3, отстапувањето се зголеми на 258 rms нанометри, пишува Astronomy.

Инженерите кои го надгледуваат телескопот имаат можност од далечина да ја менуваат положбата и заобленоста на секој сегмент, а притоа ја намалиле грешката на 178 rms нанометри. Ова има мерлив ефект и на целото огледало, т.е. сликите што ги создава. „Сепак, ефектот е мал кога се гледа телескопот како целина, бидејќи само мал дел од телескопот е засегнат“, се наведува во извештајот.

Тимот што работи на JWST вели дека ударот на метеоритот го зголемил отстапувањето за целото главно огледало на приближно 59 rms нанометри, што според нив е „околу 5-10 нанометри повеќе од најдоброто претходно измерено отстапување на брановиот фронт“. Тоа е сè уште во опсегот на кој се надеваа научниците.

Сепак, овој настан покренува прашања за природата на вселенската средина во која се наоѓа JWST. Станува збор за место во вселената кое е оддалечено околу 1,5 милиони километри од Земјата, каде што гравитационите полиња на Сонцето, Месечината и Земјата се во рамнотежа, што значи дека е релативно стабилна локација.

Пред мисијата, инженерите очекуваа телескопот да биде погоден од микрометеорити со занемарлива големина околу еднаш месечно. Од оние што веќе го погодија, „пет од нив оставија занемарливи траги и вкупно предизвикаа отстапувањето на брановиот фронт да се помести за помалку од 1 нанометар“, се вели во извештајот. Имаше и 19 други хитови кои не оставија мерлива трага. Но, еден удар беше многу поголем.

Сега важното прашање е дали ваквата штета настанала затоа што телескопот едноставно немал среќа да биде погоден од толку високоенергетски микрометеорит, или затоа што JWST е почувствителен на такви настани отколку што се мислело, или затоа што таквите ситни објекти се почести од очекувано.научниците очекуваа. Фреквенцијата и силата на идните хитови ќе бидат клучен фактор во одговорот на ова прашање.

Во меѓувреме, НАСА разгледува различни опции за да спречи понатамошно оштетување на телескопот, како што е вртење на леталото во одредена насока за да се намали можноста да биде погоден, на пример со ротирање на огледалото спротивна од насоката на движење на леталото.

Според сите други стандарди, телескопот одлично си ја врши работата. „Според речиси сите критериуми, научната работа што ја врши JWST ги надминува очекувањата“, се вели во извештајот.

Анализите идентификуваа 344 критични точки (точки на неуспех) во самиот процес на лансирање на леталото, од кои повеќето беа директно поврзани со самото лансирање од Земјата. Според последниот извештај, сега има само 49 такви точки, а 15 од нив се поврзани со научни инструменти и дури и да се случат, не би можеле да доведат до крај на мисијата. Повеќето други точки се заеднички за сите вселенски мисии, како што е фактот дека леталото е опремено со само еден комплет резервоари за гориво и само една антена со голема моќност.

„Се покажа дека и телескопот и инструментите обезбедуваат чувствителност, стабилност, квалитет на сликата и спектрален опсег потребни за да се трансформира нашето разбирање за космосот со набљудување на сè, од астероиди блиску до Земјата до најоддалечените галаксии“, се заклучува во извештајот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Безбедното чествување на Гоце Делчев во фокус на разговорите

Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи на Република Бугарија Иван Демерџиев со придружна делегација, утре, ќе престојува во работна...

Руските сили го гранатирале градот Херсон, кој е под украинска контрола, но многу од жителите веќе се евакуирани во соседните места

Руските сили денеска го гранатирале градот Херсон, кој е под украинска контрола, но многу од жителите веќе се евакуирани во соседните места. Ова го...

Веста за избодената д-р Елвира Којиќ, психијатар во Вировитица во Хрватска одекна во регионот

Веста за избодената д-р Елвира Којиќ, психијатар во Вировитица во Хрватска одекна во регионот. Докторката во саботата попладне била нападната во нејзината приватна ординација...
spot_img
spot_img
spot_img