25.9 C
Ohrid
Thursday, July 7, 2022

Миконос, Санторини и Милос се водечки по бројот на заразени во Грција

НАЈЧИТАНО

Грчката јавно здравствена организација (ЕОДИ) објави дека инфекцијата со коронавирус повторно расте во таа земја. Во четвртокот се регистрирани 10.474 нови случаи на инфекција со коронавирус, а 17 лица починале, а 88 тешко болни пациенти биле интубирани, од кои повеќето невакцинирани или делумно вакцинирани.

Во болниците во Грција се примени 192 пациенти со Ковид, што е за 13,6 отсто повеќе од вчера, а просечната возраст на заболените е 37 години.
За време на епидемијата во последните две и пол години, во Грција од Ковид се разболеле вкупно 3.583.526 лица, а починале 30.141 лице.

Според најновите податоци на EODY за епидемијата на грчките острови и градови, Миконос води со скок по бројот на заразени за 50,89 отсто, Санторини е втор (33,51 отсто), а Милош е трет (32,31 отсто).

Со зголемување на бројот на заразени над 20 отсто, следуваат Парос, Западна Атика каде е Атина и Карпатос, додека на другите поголеми острови и во градовите во Грција порастот е од 10 на 20 отсто.

Се повеќе има грчки здравствени експерти кои се залагаат повторно да се преземат мерки за ублажување на пандемијата, кои се целосно ублажени со почетокот на туристичката сезона на 1 мај.

Експертите посочуваат дека новиот бран пандемии започна на почетокот на јуни и сега е во фаза на развој во Грција, а имунитетот на новите варијанти на коронавирусот трае пократко од порано.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО