25.9 C
Ohrid
Tuesday, August 9, 2022

Мизрахи остро ги прозва Колозова, Малески, Османи, Ковачевски и Маричиќ

НАЈЧИТАНО

Виктор Мизрахи, поранешниот претседател на Еврејската заедница во Македонија, се обрати со отворено писмо до јавноста или како што самиот напиша на социјалните мрежи, отворено писмо до Македонците и до граѓаните на Македонија.

Во писмото тој негодува против обидите за менување на историјата, особено за текот на бугарската окупација на Македонија и депортацијата на македонските Евреи во германскиот логор на смртта – Треблинка.

Писмото на Мизрахи ви го пренесуваме во целост:

Со векови сме крвареле, со векови трае борбата за национална, слободна и независна Македонија.

Само по последната илинденска епопеја, во НОБ дадовме преку 25.000 жртви, од кои 7.144 евреи. Заедно крвариме од секогаш, од Илинден и Рафаел Камхи до депортацијата на 7144 евреи.

А таа депортација ја изврши царска Бугарија, Филов, Габровски и Белев… не бугарскиот народ. Тие беа окупатори и фашисти, а не администратори. Ниту еден од депортираните не преживеа.

Колозова и Малески, Османи, Ковачевски, Маричиќ, пратеници, бугарските војски не беа ослободители, а Евреите не ги депортираа Македонци.

Ги депортираа бугарските фашисти. Ќе ги депортираа и бугарските Евреи, но нив за среќа успеаа да ги одбранат бугарските интелектуалци, бугарската православна црква, Пешев и бугарскиот народ.

Тоа можете да го видите и од расправите во нивниот парламент.

Ако немате доволно знаење, постојат оригинални документи за тоа кој наредил окупација на Македонија и депортација, а за истите ви стојам на располагање во секој момент.

Погледнете ги поставките во Вашингтонскиот Меморијален центар, Јад Вашем, Меморијалниот центар на хлокаустот на Евреите од Македонија, па размислете за вашите изјави.

Не разбирам како вашите студенти ги слушаат ваквите ваши изјави.

Одете со вашите студенти во Треблинка и видете го камен обележјето на трагедијата на Евреите од Македонија.

Не праќајте ги Евреите во гасните комори по втор пат. Не горете ја пепелта по втор пат. Не менувајте ја историјата за да постигнете ваши политички или материјални цели. Кој ќе ја заборави историјата, нема да постои. А вашите политички цели нема да се исполнат. Македонскиот народ нема да заборави ниту да го прости ова.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО