8.4 C
Ohrid
Tuesday, December 6, 2022

Меѓународна банка: На многу земји ќе им биде тешко да најдат замена за руската нафта

НАЈЧИТАНО

На многу земји ќе им биде тешко да најдат замена за ограничената или блокирана понуда на руска нафта, а нејзиното зголемување на цената ќе се прелее на пазарите на земјоделски суровини, предупреди Банката за меѓународни порамнувања (БИС).

Основниот проблем е големиот пазарен удел на руската нафта, објаснува БИС, потсетувајќи дека Русија сочинува една десетина од светскиот извоз.

Загубата на руските нафтени деривати би била голем шок за глобалната економија и малку е веројатно дека другите производители ќе имаат доволно капацитет да го надоместат недостатокот, се вели во кварталниот извештај објавен во понеделникот на банката.

Згора на тоа, инвестициите во истражување и експлоатација на нови нафтени извори се уште се на ниво пред пандемијата, забележуваат тие.

Проблем е и планот на седумте водечки економии од Г7 да ги ограничат цените на руската нафта, кој треба да ги намали приходите на Русија, а со тоа и нејзиниот капацитет да ја финансира војната во Украина, нагласува БИС.

Ограничувањата на рускиот извоз веројатно ќе бидат придружени со нагло и продолжено зголемување на цените, вклучително и цените на храната, предупредуваат тие, бидејќи маслодајните семиња и житарките повеќе ќе се користат за производство на биогорива како етанол и биодизел.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО