25.9 C
Ohrid
Tuesday, August 9, 2022

Мета: Беше чест и привилегија, посакувам се најдобро за татковината

НАЈЧИТАНО

Неколку часа пред истекот на неговиот петгодишен претседателски мандат, Илир Мета преку објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ изразува благодарност и им посакува се најдобро на Албанците.

– Беше извонредна чест и привилегија да служам овие пет години како претседател на Република Албанија. Им посакувам се најдобро на нашата татковина и нација! Мир и благосостојба за секое албанско семејство. Бог да ја благослови Албанија – напиша Мета, постирајќи фотографија со неговите три деца.

Вечерва во 19:30 часот, тој, свечено, ќе му ја предаде функцијата на новоизбраниот претседател Бајрам Бегај, кој пред тоа на посебна седница на законодавниот дом, закажана за 18 часот, ќе положи свечена заклетва и ќе има поздравен збор.

Бегај (55), беше избран на 4 јуни во четвртиот круг од гласањето (во трите немаше кандидати) со 78 гласови „за“. До тогаш тој беше началник на Генералштабот на вооружените сили, со чин генерал.

Тој е осмиот претседател на Албанија, по падот на комунизмот и е втор висок армиски старешина на оваа функција, по Алфред Моисиу (2002-2007), кој исто така по чин беше генерал.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО