9.9 C
Ohrid
Thursday, December 8, 2022

МЕМОРАНДУМ ЗА СТРАТЕШКА СОРАБОТКА НА ОПШТИНА ОХРИД И ДРУШТВОТО ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ И РАЗВОЈ „СЕФИДАНИС“

НАЈЧИТАНО

Градоначалникот Кирил Пецаков и проф.д -р Анис Сефиданоски денеска во    просториите на касарна Хаб што ја опреми Општина Охрид преку проектот „Ohrid Gо“ ,потпишаа меморандум за стратешка соработка.  Со тоа Локалната самоуправа и  Друштвото за истражување и развој „СЕФИДАНИС“ ДООЕЛ – Охрид се обврзаа дека ќе работат на  афирмација  и поддршка на економскиот развој, креирање на услови за развој на паметни и зелени технологии, создавање на услови за развој и унапредување на претприемништвото и  создавање на кадар. Заеднички ќе се настапува ѝ при подготовка и спроведување на активности и проекти пред македонските и меѓународните институции.

Потписниците се обврзаа дека заеднички ќе делуваат и меѓусебно соработуваат  преку размена на искуства и најдобри практики, како и учество во настани и активности од заеднички интерес. Подготовка, развивање и учество во заеднички проекти и истражувачки активности како и организирање обуки, советувања и други настани за развивање и промоција на општествената одговорност.

– На оваа соработка гледам со радост затоа што истата нуди многу можности. Капацитетите на професорот Анис Сефиданоски за општината и за мене како градоначалник се добро познати. Сум имал можност да ги видам сите оние работи на кои што работи и ги развива своите умствени капацитети. Се надевам дека од оваа соработка ќе произлезат многу проекти и работи коишто како општина можеме да ги користиме, а благодетите покрај охриѓани ќе ги користат и туристите кои го посетуваат градот. Се надевам дека наскоро ќе ги видиме  и првите плодови по потпишување на меморандумот за соработка – рече градоначалникот Кирил Пецаков.

– Денес се наоѓаме во предвечерието на четвртата индустриска револуција каде што новите технологии како што се вештачката интелигенција, виртуелната реалност, роботиката ќе го трансформираат секој сегмент од животот, најмалку онолку колку што тоа го направи електричната енергија. Иднината која ни претстои е возбудлива. Ајти секторот е прв повикан да одговори на ризиците и предизвиците од дигиталната ера. Затоа   соработката со Касарна Хаб и сите „актери“ кои се вклучени во неа почнувајќи од   градоначалникот, а потоа експертизата е повеќе од важна– истакна проф. д-р Анис Сефиданоски од Друштвото за истражување и развој  „СЕФИДАНИС“- Охрид

Заедничките активности и проекти ќе се реализираат на иницијатива и покана на една од страните потписнички на Меморандумот и секоја поединечна активност, доколку тоа е потребно ќе биде регулирана со посебни договори.

Овој Меморандум не ги ограничува или строго утврдува начинот и видовите на соработка, туку ја насочува сферата на заеднички интерес која е во согласност со нивната мисија и визии.

Страните потписнички се согласуваат на редовна меѓусебна размена на литература и други корисни материјали, со цел да им се овозможи на членовите слободен пристап до корисни информации поврзани со целеите на овој меморандум.

Просториите на Касарна Хаб ќе бидат ставени на располагање за користење на Друштво за истражување и развој СЕФИДАНИС Дооел Охрид со цел остварување на претходно наведените цели согласно овој Меморандум. Друштво за истражување и развој СЕФИДАНИС Дооел Охрид се обврзува истите да ги користи уредно и домаќински, и во насока на реализирање на целите од овој Меморандум.

Просториите на Касарната Хаб што ги опреми и уреди Општина  Охрид ќе бидат наменети и за наредни соработки со правни субјекти кои обезбедуваат поголем економски развој на Охрид.

 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО