7.9 C
Ohrid
Wednesday, November 30, 2022

Мелинда Гејтс: Стравував дека не ќе можам да продолжам понатаму

НАЈЧИТАНО

Мелинда Гејтс, филантроп и поранешна сопруга на милијардерот Бил Гејтс, конечно го прекина молкот и проговори за разводот, констатирајќи дека разделбата по 27 години брак не е воопшто лесна.

Разводот на Бил и Мелинда Гејтс кој се случи во август 2021 година, долго време беше главна тема во светските медиуми, а таа дури сега, во интервју за „CBS Mornings“ си ја отвори душата.

– Важно ми е да кажам дека многу плачев со денови, но мислам дека имаше денови кога буквално лежев на под и се беше далеку од мене. Помислив: Како е можно ова? Како да станам? Како да продолжам понатаму – емотивно зборуваше поранешната сопруга на Бил Гејтс.

Мелинда призна дека имало денови кога била лута, но и дека сето тоа било дел од процесот на тагување.

– Тагувам за нешто што го имав и мислев дека ќе го имам засекогаш. Тоа се болни работи – рече таа.

Мелинда не криеше дека долго страдала и во годините на брак со Бил Гејтс и додаде дека секое делче од себе го дала за да опстане бракот.

– Немаше посебен момент или конкретен факт што предизвика да се разделиме, едноставно работите дојдоа до таа точка кога сфатив дека не е здраво да продолжам понатаму со врската. Ништо не згрешив, освен што останав исправена – рече Мелинда Гејтс.

Бракот на славната двојка се распадна поради бројните неверства на милијардерот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО