17.9 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Мелани Грифит наполни 65 години

НАЈЧИТАНО

Американската актерка Мелани Ричардс Грифит го слави 65-тиот роденден, а некогашниот секс-симбол од 80-тите, денес изгледа непрепознатливо.

Причината за тоа е одлуката да се подложи на пластични операции, поради кои не личи на себе. Некогаш широката насмевка ѝ беше заштитен знак, а денес речиси и да не ги мрда устата и образите, бидејќи сепак бројните операции си го направиле своето.

 

Но, затоа, пак, може да се пофали со тенка фигура и со убавата енергија со која зрачи, а позитивни пораки често им испраќа и на своите обожаватели на социјалните мрежи.

Мелани Грифит веќе двапати се бореше со опасниот рак на кожа. Првиот пат заболе во 2009 година, кога ракот ѝ се појави под окото, а во 2017 година ѝ се појави на носот, а токму поранешниот сопруг, Антонио Бандерас, во текот на целиот тој период ѝ бил голема поддршка.

 

 

Стела, ќерката која ја доби со Бандерас, засега го избегнува актерството. И покрај тоа што нејзините родители се занимаваат со таа професија, а нејзината баба Типи Хедрен била холивудска легенда и муза на Алфред Хичкок, таа решила да стане модел и заедно со мајка си ја красеше и насловната страница на „Вог“.

Нејзината ќерка Дакота Џонсон имавме можност да ја видиме во филмот „Педесет нијанси сиво“, а освен среќните семејни моменти, најмногу ќе се памети нивната кавга пред камерата на Оскарите кога Мелани рече дека нема да го гледа филмот поради жешките сцени во него.

 

Мелани со Антонио ја има ќерката Стела, а од првиот брак со Дон Џонсон, ги има Дакота и синот Александар. Нејзината актерска кариера остана во сенка на бракот со латинскиот заводник Антонио Бандерас, кој траеше од 1996 до 2015 година. Парот беше многу интересен за јавноста и поради нивните чести изјави за тоа дека имаат многу добар сексуален живот.

 

Мелани е најпозната по улогата во романтичната комедија „Вработена девојка“, во која глумеше заедно со Харисон Форд. За таа улога во 1989 година беше наградена со Златен глобус.

Мелани Грифит е ќерка на омилената актерка на Хичкок, Типи Хедрен. На само 18 години храбро застанала пред камерите и позирала целосно гола за „Плејбој“.

 

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО