4.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Мексико ги протера мигрантите од границата пред пристигнувањето на Бајден

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Мексико ги протера мигрантите од границата пред пристигнувањето на Бајден
Околу 200 мигранти беа протерани во неделата кон мексиканскиот град Сиудад Хуарез пред доаѓањето на американскиот претседател во Мексико во официјална посета каде мигрантската криза меѓу двете земји ќе биде важна тема.

„Нека Бајден покаже дека има срце“, праша Венецуелецот Хозе Дејвид Мелендез откако беше депортиран од американските имиграциски власти.

Има многу деца кои се одвоени од семејствата“, вели 25-годишниот маж.

Ова е секојдневната ситуација во Сиудад Хуарез и другите делови на мексиканско-американската граница, кои претседателот Бајден ги посети за првпат по две години од неговиот мандат.

Голем број Венецуелци, Кубанци, Никарагваци и Хаиќани, некои од нив со деца во рацете, влегле на мексиканска територија откако го преминале мостот меѓу двете земји, јавува новинар на АФП од реката Рио Браво (која во САД се нарекува Рио Гранде ).

Мелендез рече дека бил фатен од членовите на граничната патрола во црквата каде што се засолнил со други мигранти.

Агентите на граничната патрола не тепаа, не тераа да бегаме, ни вперуваа пиштоли, вперуваа пиштоли на децата, па каде се човековите права?“, праша млад човек облечен само во џемпер и покрај студот.

„Луѓето имаат право на слобода, на подобар живот, невозможно е да се живее во нашата земја“, рече Кубанецот Лоренцо Ескобар (36), кој откако беше протеран доби 60 дена право на престој во Мексико.

Ерик Родригез, вториот Венецуелец кој беше протеран, го молеше Бајден „да ги прифати во САД за да можеме да најдеме работа, да им помогнеме на нашите семејства“.

Тој зборуваше и за можноста САД да им дозволат да влезат за да можат потоа да аплицираат за азил во Канада.

Пред да пристигне на северноамериканскиот состанок во мексиканската престолнина, Бајден во неделата застана во пограничниот тексашки град Ел Пасо, кој е главна порта за мигрантите кои се обидуваат да ја преминат заедничката граница во САД долга 3.100 километри.

Во Мексико, американскиот претседател во понеделник ќе разговара за мигрантската криза меѓу двете земји со неговиот мексикански колега Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Бајден, кого републиканската опозиција во САД го обвинува дека замижува пред кризата, се сретна со граничната полиција во Ел Пасо каде го пречека конзервативниот гувернер на Тексас Грег Абот, кој го обвинува демократскиот претседател дека дозволил протекување на границата.

Посетата на Бајден на јужната граница на САД е првиот дел од тридневното патување во Мексико посветено на миграциската политика и борбата против трговијата со дрога.

Во четвртокот, Белата куќа објави мерки за да се обиде да ја ослободи границата, каде во ноември беа уапсени повеќе од 230.000 луѓе.

Во 2021 година, САД и Мексико објавија дека го менуваат својот пристап кон политиката за злоупотреба на дрога и ќе се фокусираат на причините за трговијата со луѓе, по 15 години исклучиво воена стратегија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

(ЕКСКЛУЗИВНО) Држи ли ЈО Охрид во Притвор невино лице за да се задоволи б’лгарската мегаломанија???

Христијан Пендик(ов), лице за еднократна употреба во б’лгарската мегаломанија, стана една од најозборуваните личности која служи за поткусурување на големобугарските аспирации кон Македонија. Но, што...

Покојниот крал на попот ќе го игра неговиот внук Џафар Џексон

Американскиот режисер Антоан Фуква го пронајде главниот актер за неговиот планиран филм за животот на поп ѕвездата Мајкл Џексон. Главната улога во филмот Мајкл...

Затворениците во САД ќе можат да си ја скратат казната со донирање органи

Затворениците во американската сојузна држава Масачусетс ќе можат да ги намалат затворските казни за најмалку два месеци доколку донираат коскена срж или органи. Доколку законот...
spot_img
spot_img
spot_img