16.2 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Медениот месец го измори, па спие каде што ќе стигне

НАЈЧИТАНО

Бен Афлек очигледно поминал низ мачен процес кога станува збор за неодамнешната венчавка со Џенифер Лопез.

Имено, ѕвездата на филмот „Gone Girl“ бил фатен како видно уморен спие на нималку удобно столче ниту положба.

Неодамна венчаните Афлек (49) и Џенифер Лопез (52) не се срамат јавно да искажуваат нежности еден кон друг. Тие моментално се наоѓаат во Париз каде уживаат во медениот месец заедно со децата на Афлек, Серафина и Вајолет и децата на Џенифер, Макс и Ема.

Парот овие денови ужива испробувајќи ја храната во рестораните во француската престолнина, а неодамна беа фотографирани и на крстарење по реката Сена. Нивната венчавка во Лас Вегас очигледно го исцрпила Бен, кој одвоил малку време за да го надомести сонот, а неудобната положба, столчето, па дури и сонцето не му пречеле премногу.

Познатиот пар се запозна во 2001 година на снимањето на филмот „Gigli“. Наредната година се верија и откако извесно време ја одложуваа венчавката, се разделија во 2004 година. По разделбата, Афлек беше во брак со познатата актерка Џенифер Гарнер со која има 3 деца, а Џенифер беше во брак со Марк Ентони со кој има близнаци.

Џенифер и Афлек повторно започнаа да се забавуваат во 2021 година, а набргу потоа ја најавија својата венчавка.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО