16.2 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Медведев вели дека Москва е подготвена на сѐ

НАЈЧИТАНО

Дмитриј Медведев, поранешен претседател на Русија и заменик-шеф на рускиот Совет за безбедност, рече дека мирот во Украина ќе дојде само под услови диктирани од Москва, јави Ројтерс.

– Русија ќе ги постигне сите свои цели. Ќе има мир, но ние ќе ги диктираме условите – изјави Медведев.

Тој денеска сугерираше дека Москва е подготвена да направи сѐ што е потребно за да победи.

Во меѓувреме руските сили бавно напредуваат во Донбас, додека Украинците на големо се повлекуваат. Истовремено, украинските сили гаѓаат руски складишта за муниција со надеж дека така ќе направат пресврт во војната.

Киев чека на оружје за долг дострел од Западот со кое планира да изврши голем контранапад на полуостровот Крим во Црното Море. За планираната акција Киев се консултира со западните партнери.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО