2.1 C
Ohrid
Monday, November 28, 2022

Меган и Хари објавија досега невидени фотографии

НАЈЧИТАНО

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл се изоставени од новиот официјален семеен портрет на кој кралот Чарлс Трети позира со сопругата Камила, како и со принцот и принцезата од Велс Вилијам и Кејт Мидлтон.

Како мудар одговор на овој потег на кралот Чарлс, Хари и Меган направија и официјална фотосесија, па нивните објави завршија на инстаграм-профилот на фотографката Мис Хариман.

 

Инаку, фотографиите на Меган и Хари се направени минатиот месец на самитот „One Young World“ во Манчестер, каде Меган одржа и говор.

„Војводата и војвотката од Сасекс неколку моменти пред церемонијата на отворањето на самитот „One Young World Summit“ минатиот месец“, напиша фотографот во натписот на фотографиите, од кои едната е во боја, на која се гледа дека Меган носи прекрасен црвен комплет, додека на црно-белата фотографија, парот позира странично, а на двете се држат за рака.

Имено, фотографот ги објави досега невидените фотографии на Хари и Меган, само два дена по портретот на таканаречената нова кралска четворка, фраза која своевремено се однесуваше на Хари, Меган, Кејт и Вилијам, пред Меган и Хари да одлучат да ги напушти кралските должности и да се преселат во САД.

Како што и можеше да претпоставите, фотографиите од „одбегнатата“ двојка успеаја да го засенат кралскиот портрет, а фановите на кралското семејство се убедени дека токму тоа го планирале Хари и Меган.

Исто така, интересно е да се спомене дека фотографијата на Чарлс, Камила, Вилијам и Кејт е снимена ноќта пред погребот на кралицата Елизабета Втора, а во тој период Хари и Меган исто така биле во Лондон.

Смртта на кралицата успеа, барем за кратко, да ги обедини браќата кои се скараа, па по две години имавме можност повторно да ги видиме Хари, Меган, Кејт и Вилијам.

 

По погребот, Хари и Меган се вратија во САД кај нивните деца, синот Арчи и ќерката Лилибет.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО