5.9 C
Ohrid
Thursday, February 2, 2023

МВР со детали од истрагата за бегството на осуденикот Беким Мемети

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Единицата за корупција во Сектор за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против четворица затворски полицајци, командир и надзорници, вработени во КПУ Идризово и тоа: С.Д. (50), Т.А. (34) И.А. (49) и Т.П. (47) за сторено кривично дело „Противзаконито ослободување на лице лишено од слобода” по член 373 од КЗ., информира МВР.

Тие, според МВР, на 12.01.2023, спротивно на законот, го ослободиле Б.М., осуден за кривично дело по член 123 – убиство, и му помогнале да побегне.

Како што е соопштено, на 12.01.2023 околу 22.50 часот осудениот Б.М., планирано и со договор со затворските полицајци и со лица од надвор, ја расекол левата дланка, по што бил однесен во домската амбуланта, од каде било дадено препорака тој да се пренесе на Клиничкиот ургентен центар „Мајка Тереза”. За настанот бил запознат дежурниот командир на смена, првопријавениот С.Д., кој наредил да се изготви наредба за спровод од КПУ Идризово до Клинички центар „Мајка Тереза” за осуденото лице од страна на затворските полицајци Т.А., И.А., Т.П. и И.Х..

Кривичното дело е извршено така што осомничените свесно и со намера да му овозможат бегство на осуденото лице кое го спроведувале, го седнале во средниот ред на службеното возило, а не според стандардните оперативни процедури за спровод на осудени лица во посебниот дел од возилото наменет за тоа. Потоа, еден од затворските полицајци воопшто не носел службено оружје иако морал да носи, а иако на осуденикот му било ограничено движењето на рацете со средства за врзување, сепак му било овозможено да пристапи до службениот пиштол на еден од затворските полицајци, со кој испукал еден куршум. Иако намерата за пукањето со пиштолот во кровот на возилото била да го оправда овозможувањето на бегството од страна на затворските полицајци, зрното од куршумот се одбило од кровот и случајно го погодило затворскиот полицаец И.Х. во долниот дел од стомакот – се наведува од МВР.

Оттаму додаваа дека затвореникот избегал, откако службеното затворско возило било пресретнато и му било попречено движењето од страна на друго возило марка „ауди” и притоа овластените службени лица за спровод – затворските полицајци не преземале никакви дејствија во однос на присилното нивно запирање, а осуденото лице по настанот влегло во возилото „ауди” и заминало од местото. Од страна на затворските полицајци, иако дел од нив биле вооружени, не се преземени никакви дејствија за спречување на бегството.

МВР информира дека повредениот затворски полицаец И.Х. е пренесен во болница за укажување на лекарска помош.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Владата го смени името, но но не и планот

Владата воведува данок против оние форми кои енормно профитираа од кризите изминативе две-три години, само го нарекува со друго има, данок за солидарност. Имено, доколку државата...

И на МНР му „пукна филмот“

Министерството за надворешни работи на Северна Македонија преку соопштение, со жалење констатира дека собраниската декларација за наводна „ескалација на агресивни антибугарски активности во Република...

Груевски ја коментира ситуацијата со соседна Бугарија

„Од секогаш сум тврдел дека македонското прашање може да се затвори само тогаш кога ќе е во корист на Македонија и на македонскиот народ...
spot_img
spot_img
spot_img