2.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Масовно апсење за трудова експлоатација на украински бегалци

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Шпанската полиција разби криминална група за која тврдат дека раководела со три нелегални фабрики за тутун, каде што украинските бегалци работеле во екстремно лоши услови.

Акциите беа спроведени во три региони на Шпанија, во кои беа уапсени 27 лица. Групата наводно шверцувала големи количини тутун претворен во фалсификувани цигари.

Фабриките произведуваа повеќе од половина милион кутии цигари дневно, кои се продаваа низ Шпанија и во странство.

Полицијата соопшти дека Украинците, кои побегнале од руската инвазија на нивната земја, живееле „набиени“ во монтажни засолништа во фабриките.

Работеле долги часови и не излегувале никаде, за да не бидат откриени, бидејќи некои илегално влегле во земјава.

Во меѓувреме, челниците на организацијата уживале во „раскошен живот“, наводно перејќи пари за нивната операција на шверц на тутун, пишува Би-би-си.

За време на рацијата, властите конфискувале тутунски производи во вредност од 37,5 милиони евра, луксузни возила, накит и големи количини готовина. Претресени се повеќе од 20 домови, индустриски објекти и продавници.

Првата тајна фабрика беше пронајдена во барака за пилешко во близина на Севиља на југ кон крајот на 2021 година – што ги натера властите да откријат уште две операции, во источниот регион Валенсија и Ла Риоха на север.

Полицијата соопшти дека бандата, исто така, го диверзифицирала производството со развој на големи плантажи со марихуана.

Истрагата беше помогната од европската полициска агенција Европол.

Според Обединетите нации, има речиси осум милиони регистрирани украински бегалци низ Европа, кои избегале од руската инвазија во февруари 2022 година. Повеќе од 160.000 од нив се регистрирани во Шпанија.

Во ноември, европратениците известија дека трудовата експлоатација на Украинците е во пораст, предупредувајќи дека итноста на нивната ситуација и јазичните бариери понекогаш ги принудуваат бегалците да прифатат неформална и недоволно платена работа.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

(ЕКСКЛУЗИВНО) Држи ли ЈО Охрид во Притвор невино лице за да се задоволи б’лгарската мегаломанија???

Христијан Пендик(ов), лице за еднократна употреба во б’лгарската мегаломанија, стана една од најозборуваните личности која служи за поткусурување на големобугарските аспирации кон Македонија. Но, што...

Покојниот крал на попот ќе го игра неговиот внук Џафар Џексон

Американскиот режисер Антоан Фуква го пронајде главниот актер за неговиот планиран филм за животот на поп ѕвездата Мајкл Џексон. Главната улога во филмот Мајкл...

Затворениците во САД ќе можат да си ја скратат казната со донирање органи

Затворениците во американската сојузна држава Масачусетс ќе можат да ги намалат затворските казни за најмалку два месеци доколку донираат коскена срж или органи. Доколку законот...
spot_img
spot_img
spot_img