17.1 C
Ohrid
Wednesday, May 25, 2022

Маск: деловните и владините корисници можеби ќе треба да платат претплата на Твитер

НАЈЧИТАНО

Деловните и владините корисници на Твитер можеби ќе треба да платат „благ“ надоместок за да останат на таа платформа, напиша извршниот директор на Tesla, Илон Маск.

Сепак, наведува тој, таа социјална мрежа секогаш ќе биде бесплатна за „обичните“ корисници“.

Претходно Маск изјави дека сака „да го направи Твитер подобар од кога било со подобрување на новите функции“, пишува Би-Би-Си.

Кон крајот на април беше објавено дека Twitter ја прифатил понудата на Маск, вредна околу 44 милијарди долари, за купување на таа социјална мрежа.

Директорот на Tesla и SpaceX со тоа ќе стане најголемиот поединечен акционер на Twitter. Тој претходно ја одбил понудата да стане член на управниот одбор, а потоа понудил да ја купи компанијата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО