15.9 C
Ohrid
Friday, May 20, 2022

Маркос е новиот претседател на Филипини?

НАЈЧИТАНО

Стотици активисти за човекови права и студенти денеска протестираа пред седиштето на Централната изборна комисија во Манила, против неофицијалните резултати од изборите одржани во неделата според кои Фердинанд Маркос, синот на поранешниот диктатор, најверојатно ќе биде новиот претседател на Филипините.

Учесниците на протестот посочуваа на изборни неправилности, најмногу за нефункционирање на гласачките машини што, според нив, попречило многу од гласачите да го остварат своето уставно и граѓанско право. Во некои делови на земјата гласачите биле приморани да чекаат и доцна во ноќта додека се поправат нефункционалните машини.

Изборната комисија ги отфрла таквите забелешки посочувајќи дека бројот на нефункционални машини за гласање бил незначителен.

Непотврдените резултати укажуваат дека веројатно е дека власта во земјата ќе ја преземат Фердинанд Маркос јуниор, син на поранешниот диктатор Фердинанд Маркос кој беше соборен од власта во 1986 година, и кандидатката за потпретседател Сара Дутерте, поранешната градоначалничка на Давао Сити, на островот Минданао.

Според нецелосните и неофицијалните резултати, Маркос јуниор добил 30,87 милиони гласови, речиси двојно повеќе од противкандидатот Лени Робредо. Кандидатката за потпретседателската функција Сара Дутерте, инаку ќерка на претседателот во заминување, исто така убедливо води со речиси тројно повеќе гласови пред противкандидатот, сенаторот Френсис Пангилинан.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО