5.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Маричиќ: Уставните измени во текот на следните неколку недели или месеци ќе бидат актуализирани на дебати со граѓанските организации и експерти

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Уставните измени во текот на следните неколку недели или месеци ќе бидат актуализирани на дебати со граѓанските организации и експерти во однос на нивната содржина но и во однос на нивното политичко значење, рече денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање.

Според Маричиќ, политичкото значење е многу повеќе од само уставни промени на еден дел од преамбулата и на еден амандман на Комитетот за односи меѓу заедниците, туку, како што напомена, овие уставни амандмани имаат значење на практично „зелено светло” од наша страна, од нашето Собрание, за продолжување на преговорите со Европската Унија.

– Прашањето за уставните измени е прашање кое што е веќе отворено. Ние веќе правиме консултации на експертско ниво, а имавме и лидерска средба во Собранието која што го иницираше тој дијалог. Уставните измени во текот на следните неколку недели или месеци ќе бидат актуализирани на дебати со граѓанските организации и експерти во однос на нивната содржина но и во однос на нивното политичко значење – рече Маричиќ.

Тој верува дека оваа општествена дебата која ќе се одвива меѓу граѓанските организации и академската јавност со бизнис заедницата околу политичкото и економско значење, но и значењето на овие уставни амандмани на долг рок за нашата држава, ќе бидат вовед во институционална дискусија и продолжението на оваа процедура внатре во Собранието.

– Треба да сме подготвени и сите да дадат свој придонес во овој процес, за тој да може и успешно да започне но уште поважно, и успешно да заврши – додаде Маричиќ.

Во однос на прашањето дали е најавена лидерска средба на која ќе се разговара за уставните измени, премиерот Димитар Ковачевски напомена дека во моментов не е предвидено, но доколку се појави потреба, тогаш ќе биде закажана средбата.

Сите заедно треба да покажеме дека визијата и желбата да ја направиме Северна Македонија држава членка на ЕУ до 2030 година е реална и поважна од се кога е во прашање нашата иднина, порача денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ од Владата.

Говорејќи за текот на скрининг процесот, Маричиќ информира дека скринингот е во напредна фаза и се одвива онака како што било предвидено според календарот заеднички утврден со Европската комисија.

– Успешно го заокруживме клучниот, темелниот кластер „Фундаментлни вредности”, а од понеделник ги започнуваме билатералните скрининг состаноци за три поглавја – право на основање и слобода на давање на услуги, право на трговски друштва и право на интелектуална сопственост, сите три важен дел од Кластерот „Внатрешен пазар” – вели Маричиќ.

Со скринингот, како што посочи, добиваме прецизна аналитичка презентација на состојбата во однос на усогласеноста на нашето законодавство со европското, но истовремено ги нотираме и недостатоците и ги дефинираме следнните задачи на кои ќе треба да работиме наредниот период за да ги постигнеме европските стандарди во догледен период.

– За првиот кластер ќе бараме скрининг извештајот да биде доставен до нас најдоцна до крајот на наредните три месеци, до почетокот на пролетта, бидејќи тоа ќе ни помогне во подготовката на клучните три документи до нашето членство во ЕУ – патоказот за владеење на право, патоказот за реформа во јавната администрација и патоказот за функционирањето на деморкатски институции кои се услови за отварање на првиот кластер. Дополнително во рамки на патоказот за владење на правото ќе треба да подготвиме и акциски план за заштита на правата на припадниците на малцинствата и заедниците со конкретни мерки за недискриминација, борба против говор на омраза и право на образование – информира Маричиќ.

Додаде дека во координација со делегација на ЕУ подготвуваат реформски план за оваа година до наредниот извештај кој ќе ни обезбеди исполнување на клучните реформски приоритети во текот на 2023 година. Како што истакна, пред нас е долготраен, масовен, комплексен и многу значаен процес од повеќе апсекти.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Потврдено: Нетфликс ги открива првите детали за новите мерки против споделувањето лозинки

Стриминг гигантот Нетфликс проценува дека околу 100 милиони корисници ширум светот се најавуваат на нивната платформа користејќи туѓи кориснички податоци. Нетфликс се надева дека...

Испораката на Украина со ракети со долг дострел нема да ги промени воените цели на Русија

Дури и ако земјите и дадоа на Украина ракети со долг дострел, тоа нема да ги промени воените цели на Русија, изјави портпаролот на...

Што сакаш да кажеш, не можеш да стоиш на една нога 10 секунди?

Бразилските научници сугерираат дека овој едноставен тест за рамнотежа од 10 секунди треба да стане дел од рутинскиот здравствен преглед за постарите возрасни лица. Според...
spot_img
spot_img
spot_img