2.8 C
Ohrid
Friday, February 3, 2023

Маричиќ: Рускиот акт на агресија е недозволив 

spot_img
spot_img
spot_img
Заменик претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, утрово беше гостин во емисијата Утрински брифинг на Слободна ТВ, каде говореше на актуелните политички теми во однос на кризата во Украина, евроинтегративниот процес, преговорите со Бугарија.
- Advertisement -

Во однос на прашањето за руско- украинската криза, Маричиќ го потврди владиниот став и лично ја осуди руската агресија.

„Сметаме дека тоа е акт на агресија кој е недозволив. Ние ја почитуваме и ја поддржуваме територијалната независност и целовитост на Украина, стоиме со народот на Украина во оваа ситуација“, кажа вицепремиерот Маричиќ.

Вицепремиерот Маричиќ посочи дека Владата активно работи на утврдување на деталите околу барањата на Бугарија со цел да има јасна претстава за деталите кои ги бара бугарската страна и сите да бидат опфатени во еден документ за да се осигуриме дека евроинтегративниот процес нема веќе да се попречува.

„Нашата цел е сите прашања со Република Бугарија да ги ставиме во еден сèопфатен документ. Прво, за да нема нови барања по патот, како што се случувале во минатото, второ да имаме гаранции на писмено кои се обврските од наша страна, кои се обврските на Бугарија, кои се точно условите за тргање на блокадата и како ќе изгледа процесот по тргањето на блокадата односно по првата меѓувладина седница“, рече Маричиќ.

Вицепремиерот Маричиќ во разговорот ја потврди посветеноста на затворањето на прашањата со Бугарија, но притоа укажа дека не може сè да биде исполнето во нереално краток рок.

„Треба да го почнеме евроинтегративниот процес за да ги завршиме тие активности за промена на Уставот. Ние веќе еднаш го променивме Уставот за членството во НАТО и за почетокот на преговорите, меѓутоа сметаме дека сега треба да има време за имплементација, да се создаде една поинаква атмосфера. Бугарската страна инсистира тоа да се заврши што е можно побрзо, мислам дека веднаш не е реално, тоа е предмет на разговор во која точка помеѓу сега и членството во ЕУ е најдобро да се заврши“, рече Маричиќ.​

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

МВР гарантира безбедно чествување на 4 февруари

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира, како што наведува, лагите изнесени на еден портал дека за безбедноста во сабота ќе се грижат и...

Даниел Поповиќ откри која е Џули од познатата песна

Музичарот Даниел Поповиќ ја претставуваше Југославија на Евровизија во 1983 година во Минхен со песната „Џули“. Освои високо четврто место и песната стана хит....

Откако еден обожавател од публиката во текот на последниот концерт на Адел покажал фотографија од својата покојна сопруга, пејачката се расплакала и му ја...

Откако еден обожавател од публиката во текот на последниот концерт на Адел покажал фотографија од својата покојна сопруга, пејачката се расплакала и му ја...
spot_img
spot_img
spot_img