25.9 C
Ohrid
Wednesday, July 6, 2022

Маричиќ: Ако оперираме со датуми, само ќе броиме денови наместо да работиме

НАЈЧИТАНО

Досегашното комуницирање со датуми и рокови не ни донесе среќа и успех и сакаме брзо, но не и избрзано решение со Бугарија, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за „Топ тема“ на телевизијата Телма.

– Тоа сепак не значи дека може вечно да дискутираме – дециден е Маричиќ.

Тој додаде дека брзата и интензивна динамика нè тера да ги отвориме сите прашања и во краток рок да се дојде до договор.

– Ако оперираме со датуми, само ќе броиме денови, наместо да работиме. Подобро е да работиме и кога ќе има успех или неуспех да кажеме дека сме го решиле или не сме го решиле проблемот – истакна вицепремиерот за европски прашања, потенцирајќи дека целата Влада е фокусирана на решавањето на овие прашања со Бугарија и почеток на преговорите со Европската Унија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО