20.9 C
Ohrid
Thursday, August 11, 2022

Манчестер јунајтед го потврди заминувањето на Погба

НАЈЧИТАНО

Францускиот играч за врска Пол Погба ќе го напушти Манчестер јунајтед на крајот на јуни ќе му истече актуелниот договор, објави денеска англискиот прволигаш.

Ова значи дека Погба втор пат во кариерата си оди од Јунајтед. Французинот на 16-годишна возраст во 2009 година и се приклучи на фудбалската академија на Јунајтед од редовите на Ле Авр. Една сезона мина во сениорскиот тим, но со скромна минутажа, што го поттикна да ја смени средината и во 2012 година да премине во Јувентус. Погба во италијанскиот гигант брзо се адаптираше и стана еден од клучните играчи на клубот од Торино. За четири сезони во Јувентус одигра 178 натпревари и постигна 34 голови.

Во 2016 година Погба се врати во Манчестер јунајтед, но овој пат како голема ѕвезда за која клубот од „Олд Трафорд“ плати 105 милиони евра што во тоа време беше рекордно обесштетување. Сепак, Погба повторно не се снајде во старата средина, а негов најголем проблем беше променливата форма.

Засега не е познато кој ќе биде неговиот нов клуб, но во последните месеци најмногу се шпекулираше со негово враќање во Јувентус.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО