2.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

Мандатот ќе биде вратен, неизвесноста продолжува

НАЈЧИТАНО

Партијата на поранешниот премиер Кирил Петков не успеа да обезбеди поддршка од 121 пратеник за да фомира нова бугарска влада. Владата требаше да ја води Асен Василев, близок соработник на Петков од партијата, а денеска во 17 часот истекува рокот до кој Василев треба да му го врати мандатот на претседателот, а кој го доби пред една недела.

– Бугарија не се соочува со гасна криза, единствениот голем проблем во моментов е што влегуваме во политичка криза – изјави Кирил Петков од Грција, каде беше на церемонија за завршената изградба на конектор за гас меѓу Грција и Бугарија.

– Доколку има привремена влада, одговорноста оди целосно на неа – прецизираше премиерот во оставка.

Петков е убеден дека мандатот денес ќе биде вратен.

– Толку сме свесни за тежината на одговорноста што ја имаме што утрово сите наши пратеници се обидоа да комуницираат со пратениците од Има таков народ. Досега мислам дека мандатот ќе се врати без поддршка од 121 лице. Ќе поддржиме сѐ, но нема да дозволиме преговори со Дељан Пеевски, Бојко Борисов и Слави Трифонов – додаде тој.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО