16.2 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Манасков по 6 години се враќа во тимот

НАЈЧИТАНО

Долгогодишниот македонски репрезентативец Дејан Манасков ги засили редовите на актуелниот шампион Вардар 1961 и се врати во „црвено – црниот“ дрес по пауза од шест години.

Манасков се враќа во актуелниот македонски шампион од редовите на унгарски Веспрем каде со успех настапуваше изминатите неколку сезони, како еден од најдобрите стрелци со 540 голови на 160 натпревари.

Тој прво им се обрати на навивачите.

– Мило ми е што повторно се враќам тука после долги години. Се надевам дека сите заедно ќе ги оствариме целите на клубот и ќе го вратиме онаму каде што припаѓа за заедно да се радуваме на нови успеси – рече Манасков.

Претходно Манасков настапуваше за Борец Велес, Металург, Вецлар и Рајн Некар.

– Вардар добива брз, прецизен и искусен играч со големо меѓународно искуство со што екипата повторно гради силен, респектабилен и конкурентен тим и за следната сезона – соопшти попладнево македонскиот шампион.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО