2.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

Малолетници за малку ќе предизвикале судар на возови во Прилеп

НАЈЧИТАНО

Тројца малолетници се осомничени дека на Железничката страница во Прилеп ги промениле скертниците на пругата и одзеле предмети за сигнализација на возовите.

Оваа опасна игра на младите прилепчани навреме била забележана од вработен на Железничката станица по што случајот бил пријавен во полиција, а скретниците вратени во првобитната положба непосредно пред пристигнувањето на возот.

– На 23.02.2022 околу 19.30 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода тројца малолетници од Прилеп. Тие се сомничат дека во периодот од 16.50 до 17.03 часот на Железничката станица во Прилеп ги промениле скретниците со кои се менува правецот на коловозната линија по која се движи возот и одзеле предмети кои се користат за сигнализација на возовите. Од страна на вработен тоа било навремено забележано и вратено во првобитната положба за влез на возот кој се очекувал. За случајот бил запознаен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава – стои во полициското соопштение.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО