10.9 C
Ohrid
Wednesday, October 5, 2022

Макрон со разумен повик

НАЈЧИТАНО

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека треба да ѝ се помогне на Украина, но не да ја нападне Русија.

– Наша должност е да ѝ помогнеме на Украина, како што правиме, да ја заштитиме нејзината територија, а не за да може таа да ја нападне Русија. Ние не сме во војна со Русија – изјави Макрон за француската онлајн телевизија BFMTV.

Според него, целта е Украина да пружи отпор, да си го врати суверенитетот, а Русија да седне на преговарачка маса.

Францускиот претседател ја оцени како уцена најавата на Русија за мобилизација на резервистите и заканата од употреба на нуклеарно оружје.

– Очигледно е уцена бидејќи тој (Путин) има такво (нуклеарно) оружје и опасноста е секогаш присутна. Тоа е начин на притисок во тешко време на војна – рече Макрон.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО