16 C
Ohrid
Tuesday, May 24, 2022

Макрон се обрати од бината пред Ајфеловата кула

НАЈЧИТАНО

Макрон го одржа својот славенички говор пред Ајфеловата кула. Заблагодарувајќи им се на сите што гласаа за него, вели дека размислува за оние кои биле воздржани, но сепак порачува дека ќе биде „претседател на сите“.

– Од сега повеќе не сум кандидат на еден табор, туку претседател на сите – изјави старо-новиот француски претседател.

– Им порачувам на оние кои гласаа за крајната десница дека моја и одговорност на мојот тим ќе биде да ги решам нивните грижи – објасни тој.

Поддржувачите скандираа „и една и две и уште пет години“.

– Ќе работам за поправедно општество и еднаквост меѓу мажите и жените – рече Макрон.

– Треба да покажеме почит затоа што нашата земја е толку поделена… никој нема да биде оставен на страна – вели тој.

Претседателот, исто така, рече дека „оваа нова ера нема да ги продолжи методите од изминатите пет години“.

– Војната во Украина покажува дека живееме низ трагични времиња – вели Макрон и додава дека Франција мора да ги изгради своите сили.

Тој го заврши својот говор велејќи дека е горд што повторно му служи на францускиот народ. Потоа следеше изведување на Марселезата, француската национална химна.

 

 

Франс 24 објави дека според првичните проекции, Макрон освоил 58,2 отсто, а Ле Пен 41,8 отсто од гласовите. Тој доби честитки и од претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

„Почитуван Емануел Макрон, честитки за вашиот реизбор за француски претседател, со нетрпение очекувам да ја продолжиме нашата извонредна соработка. Заедно ќе ги покренеме Франција и Европа“, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

„Честитки, драг Емануел Макрон. Во овие турбулентни времиња ни треба силна Европа и Франција која е целосно посветена на суверена Европска унија. Можеме да сметаме на Франција уште пет години“, напиша Мишел на Твитер.

Честитки упати и британскиот премиер Борис Џонсон.

„Честитки Макрон на Вашиот реизбор за претседател на Франција. Франција е еден од нашите најблиски и најважни сојузници. Со нетрпение очекувам да продолжиме да работиме заедно на прашањата кои се најважни за нашите две земји и за светот“, истакна Џонсон.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО