18.1 C
Ohrid
Wednesday, May 25, 2022

Макрон предлага формула за тие што не се спремни за прием

НАЈЧИТАНО

Францускиот претседател Емануел Макрон застана зад предлозите на граѓанската комисија за реформирање на Европската унија и рече дека водечките договори на ЕУ ќе треба да се променат.

– Треба да ги реформираме нашите текстови, тоа е очигледно – рече тој на состанокот во Европскиот парламент.

Претходно, десетина главни градови на ЕУ јавно се спротивставија на реформата на договорот, што може да предизвика референдуми во некои земји-членки.

Макрон денеска рече дека ќе бидат потребни „децении“ за кандидат како Украина да се приклучи на ЕУ и предложи изградба на поширока политичка заедница на демократски држави околу Унијата.

– Дури и ако им дадеме кандидатски статус утре – рече тој за Украина – сите совршено добро знаеме дека процесот за да им се дозволи да се приклучат ќе потрае неколку години, а за волја на вистината, веројатно и неколку децении.

Непосредно пред говорот на Макрон, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен твитна дека извршната власт на ЕУ ќе го даде своето „мислење“ за кандидатурата за членство на Украина во јуни.

Но, Макрон, во говорот во кој ги одобри повиците за промена на договорот за дополнително зајакнување на федералната интеграција на ЕУ, рече дека Унијата „со оглед на нејзиното ниво на интеграција и амбиции“ не може да биде единственото организаторско тело во Европа.

– Наша историска обврска е да го создадеме она што би го опишал пред вас денес како европска политичка заедница – рече тој -. Оваа нова европска организација ќе им овозможи на демократските европски нации да најдат нов простор за политичка соработка, безбедност, соработка во енергетиката, транспортот, инвестициите, инфраструктурата, движењето на луѓето.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО