23.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Македонците во Бугарија ќе отворат културен клуб „Никола Вапцаров“

НАЈЧИТАНО

Здружението на Македонци во Бугарија, ОМО Илинден-Пирин ја поддржуваат иницијативата за отворање на културен центар на Македонците во Благоевград.

– Инспирирани од најавата на премиерот Димитар Ковачевски, дека ќе се отвори Клуб и Културен центар на Македонците во Благоевград, веднаш започнавме со подготовки за реализација на оваа извонредна намера. Пред неколку недели му пишавме писмо на премиерот и се надеваме дека тој и Владата целосно ќе ја поддржат нашата иницијатива за што поскоро отворање на Центарот – велат од ОМО Илинден.
Од таму додаваат дека веќе пронајдени се простории во центарот на градот и дека започнуваат со опремување на клубот и културниот центар.

– Клубот ќе го носи името на големиот македонски поет од Пиринска Македонија Никола Вапцаров. Се надеваме да добиеме и помош од македонската Влада за опремувањето и отворањето на клубот . Доколку сите подготовки се одвиваат според планот, Центарот ќе може да се отвори и по повод празникот Илинден или за 12 септември – стои во соопштението од здружението на Македонци.

фото: твитер/новамакедонија/принтскрин

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО