3.3 C
Ohrid
Friday, February 3, 2023

Македонскиот автомобилист Виктор Давидовски овој викенд настапува на финалниот гран при викенд од WTCR, кој се одржува на патеката во Џеда, Саудиска Арабија

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Македонскиот автомобилист Виктор Давидовски овој викенд настапува на финалниот гран при викенд од WTCR, кој се одржува на патеката во Џеда, Саудиска Арабија.

Во саботните квалификации тој успеа да оствари пласман во втората квалификациска сесија, а во неа го зазеде 9.место со време кое беше за нешто повеќе од половина секунда побавно од она на провизорната пол позиција во тој момент.

Согласно правилата, тој во првата трка ќе стартува од 9. место, додека во втората трка кога првите 10 возачи ги ротираат стартните позиции, ќе се најде на 2. место од првиот ред.

Давидовски настапува за тимот „Comtoyou”, а неговиот тимски колеги Натаниел Бертон ја има пол позицијата во првата трка.

Шампионот на ТЦР Европа, Франко Џиролами, кој исто како Давидовски настапува со „вајлд карта”, ќе стартува од шестото место, откако задоцни нецели три десетинки во својот најбрз круг.

Трките во Џеда ќе се емитуваат директно на програмата на „Еуроспорт”, а во Македонија како снимка ќе ги емитува „Телевизија 24″.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

МВР гарантира безбедно чествување на 4 февруари

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира, како што наведува, лагите изнесени на еден портал дека за безбедноста во сабота ќе се грижат и...

Даниел Поповиќ откри која е Џули од познатата песна

Музичарот Даниел Поповиќ ја претставуваше Југославија на Евровизија во 1983 година во Минхен со песната „Џули“. Освои високо четврто место и песната стана хит....

Откако еден обожавател од публиката во текот на последниот концерт на Адел покажал фотографија од својата покојна сопруга, пејачката се расплакала и му ја...

Откако еден обожавател од публиката во текот на последниот концерт на Адел покажал фотографија од својата покојна сопруга, пејачката се расплакала и му ја...
spot_img
spot_img
spot_img