20.9 C
Ohrid
Thursday, August 11, 2022

Македонска државјанка е повредена во страотна несреќа во која учествувале три автомобили и стадо диви свињи на автопатот Солун – Нео Петрициу

НАЈЧИТАНО

Македонска државјанка е повредена во страотна несреќа во која синоќа учествувале три автомобили и стадо диви свињи на автопатот Солун – Нео Петрициу, јавија грчките медиуми. Околку 23 и 30 часот патролно полициско возило во кое имало полицаец и двајца сопатници се судрило со свињите. Возилото излетало од својата лента. По него уште две возила се судриле со чопорот.

Второто возило кое се судрило се превртело. Во него била 50-годишната државјанка на Македонија, а го управувал 56-годишен маж, македонски државјанин.

Третото возило кое се судрило со дивите свињи го управувал 53-годишен локален возач и неговиот 48-годишен сопатник. И двајцата го загубиле животот.

Македонската државјанка и тројцата полицајци од првото (полициското ) возило се задржани на лекување во општата болница во Кукуш.

Одделението за сообраќај од Кукуш врши прелиминарна истрага за причините за несреќата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО