2.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

Македонија ќе биде вклучена во Платформата на ЕУ и САД

НАЈЧИТАНО

Европскиот совет донесе одлука за колективна набавка на гас и други извори на енергија во име на земјите-членки. Важно е што земјите од Западен Балкан за првпат се вклучени рамноправно во овој механизам за набавка на гас и нафта, информира министерот за надворешни работи, Бујар Османи на прес-конференција.

Како што информира Османи, колку што имаме потреба, Европската комисија ќе набавува во наше име.

– Со ова ќе се намали и зависноста од гас. Сега ЕУ се поставува како што треба и сме рамноправно вклучени. Тука добиваме на цена и дава одредена сигурност. ЕК ќе набави колку што ние имаме потреба – рече Османи.

Во меѓувреме, потврда пристигна и од Владата.

„Благодарение на оваа стратегија за справување со последиците од војната и енергетската криза Северна Македонија станува дел од оваа платформа на ЕУ за заедничко купување течен природен гас од САД за да се ослободиме делумно од зависноста од рускиот гас“, се вели во соопштението.

Европскиот Совет во Брисел овие заклучоци ги донесе вчера после состанокот на лидерите на ЕУ со претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден, каде уште еднаш воената агресија на Русија на Украина е оценета како грубо кршење на меѓународното право која што предизвика огромен број цивилни жртви и масовна хуманитарна бегалска криза.

Меѓу заклучоците за заедничките политики на ЕУ и САД како одговор на оваа неприфатлива воена агресија во Европа, кои се однесуваат на помошта за Украина и за соодветно прифаќање на бегалците и менаџирање на хуманитарната криза, донесени се и повеќе заклучоци кои се однесуваат на справување со последиците од економската  криза со посебен акцент на енергенсите.

За таа цел договорени се повеќе политики и мерки кои се однесуваат на обезбедување алтернативни извори на енергенси, пред сѐ на гас од САД и за стабилизирање на глобалниот енергетски пазар додека трае војната во Украина.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО