-1.1 C
Ohrid
Sunday, February 5, 2023

Македонија го поддржува суверенитетот на Украина

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и ополномоштената амбасадорка на Украина Наталија Задорожњук, денеска остварија средба во Министерството за одбрана, на која уште еднаш било потенцирано дека нашата земја како и сите останати земји членки на НАТО дава недвосмислена поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

 

 

Петровска, како што информираат од нејзиниот Кабинет, на средбата истакнала дека како земја-членка на НАТО, Северна Македонија ја поддржува политиката на отворени врати на НАТО и правото на секоја земја да се определи за својата иднина.

Амбасадорката Задорожњук, се вели во соопштението, изразила благодарност за недвосмислениот став за поддршка на Северна Македонија на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, и поддршката за политиката на отворени врати на НАТО.

Петровска, исто така, го потврдила ставот на Северна Македонија дека најдобро решение е дипломатското решение на кризата во Украина, како и поддршката за напорите на НАТО за користење на сите дипломатски и политички алатки за намалување на тензиите и де-ескалација на ситуацијата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски присуствуваше на годинешниот молитвен појадок кој се одржа во Вашингтон

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски присуствуваше на годинешниот молитвен појадок кој се одржа во Вашингтон. Молитвениот појадок е настан кој на едно место ги собира...

Спасовски е задоволен од достоинственото чествување на великанот Делчев

Дозволете да оддадам признание и да упатам честитки за професионализмот и посветеноста од страна на сите организациони единици при МВР при исклучително добро реализираниот...

Граѓаните ќе можат да отворат денарска платежна сметка со основни функции која слично како и другите сметки ќе може да ја користат за плаќање...

Со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, којшто стапи на сила од јануари, граѓаните ќе можат да отворат денарска платежна сметка со...
spot_img
spot_img
spot_img