16.1 C
Ohrid
Saturday, August 13, 2022

Мадона ќе снима филм за себе

НАЈЧИТАНО

Светската поп икона најави Мадона дека ќе снима филм за себе и тоа самата. Сѐ погласни се гласините околу тоа кој ќе го толкува нејзиниот лик во филмот. Но, иако претставниците на Мадона засега не ги коментираат гласините и актерската екипа ја чуваат во строга тајност, се шушка дека главната улога ќе ѝ припадне на актерката Џулија Гарнер.

– Имав извонреден живот, морам да снимам извонреден филм. Тоа беше и превентивен удар затоа што многу луѓе се обидуваа да снимаат филмови за мене. Претежно мажи полни со женомрзие. Затоа ја ставив ногата на вратата и реков: Никој освен мене нема да ја раскаже мојата приказна – изјави Мадона за „Variety“.

Познато е и дека актерката на „Uncut Gems“, Џулија Фокс, се сретнала со Мадона за да разговараат за потенцијалната улога во филмот, односно да ја толкува долгогодишната пријателка на Мадона, Деби Мазар.

Мадона работи на филмот веќе со години, првично со оскаровката Диабло Коди која ѝ помогнала во сценариото. На проектот во септември 2020 година се приклучиле и „Universal Pictures“ и продуцентката Ејми Паскал.

Според Мадона, поголемиот дел од филмот ќе ја детализира нејзината „борба како уметник кој се обидува да преживее во машкиот свет како жена“, која таа ја нарече „среќна, тажна, луда, добра, лоша и грда“ приказна.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО