25.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Мадона не може да емитува во живо поради голотија, Инстаграм ја блокира

НАЈЧИТАНО

„Инстаграм“ ја блокираше поп кралицата Мадона поради објавување голотија. Викендов кога сакала да сподели видео на Инстаграм, добила известување дека е блокирана да споделува видеа во живо.

„Луѓе, ќе одиме во живо. Што по ѓаволите? Блокирани сме од Live? Еј, што се случува?”, вели Мадона во видео.

Таа се пошегува дека во тој момент била целосно облечена и била изненадена кога на екранот добила предупредување поради голотија.
„Никогаш во животот не сум имала толку многу облека на себе. Занемев!“, додава таа во видеото.

„Инстаграм“ издаде предупредување до поп-мегаѕвездата во кое објасни дека таа мора да ги почитува другите на платформата и ја предупреди секогаш да „го следи законот“.
„Сакаме Инстаграм да продолжи да биде автентично и безбедно место за инспирација и изразување. Помогнете ни да ја поттикнеме оваа заедница. Објавувајте само ваши фотографии и видеозаписи и секогаш придржувајте се на законот. Почитувајте ги сите на Инстаграм, не праќајте спамови и немојте да објавувате голотија“, се наведува во известувањето.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО