-0.1 C
Ohrid
Tuesday, January 31, 2023

Луѓето панично бегаат за да спасат жива глава (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

На социјалната мрежа Твитер се појави видео од паркот кој се наоѓа во близина на трговскиот центар „Амстор“ во градот Кременчук кој вчера беше пеплосан од неколку ракети.

Како што може да се забележи на видеото, кое претставува компилација од неколку камери, посетителите прво панично бегаат, најверојатно додека ги слушаат сирените за воздушен напад, а потоа се случува експлозија и тие се обидуваат да се спасат од разлетаните остатоци од трговскиот центар.

 

Инаку засега се знае за 18 загинати, 60-мина повредени и 36 исчезнати лица, вели гувернерот Дмитро Лунин. Но, во моментот на нападот во внатре во објектот имало над илјади луѓе, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Спасувачките работници продолжија да пребаруваат низ урнатините за да бараат преживеани.

Една пациентка во општото одделение на болницата, Лудмила Михаилец (43), рече дека пазарела во продавница за електроника со нејзиниот сопруг Микола, кога експлозијата ја фрлила во воздух.

– Прво полетав со главата и фрагменти го погодија моето тело. Целото место се рушеше. Потоа слетав на подот и не знам дали бев свесна или онесвестена – рече таа, додавајќи дека ја скршила раката и ја расцепила главата.

– Тоа беше пекол – додаде Микола (45), а крвта течеше низ завој завиткан околу неговата глава.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Столтенберг повика на поцврсти врски со Јапонија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска повика на поцврсти врски со Јапонија, бидејќи руската војна против Украина ги зголемува глобалните опасности и покажува...

Жителите на Лихтенштајн против затворање на казината

Минатата недела привлече внимание веста дека 40.000 жители на малото Кнежевство Лихтенштајн на 29 јануари ќе одлучуваат на референдум за иницијативата за затворање на...

178 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (30.01.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои...
spot_img
spot_img
spot_img