8.4 C
Ohrid
Tuesday, December 6, 2022

Лукашенко: Вие ја турнавте украинската влада во војна

НАЈЧИТАНО

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека западните земји ја туркаат украинската Влада во војна, додавајќи дека Минск бил подготвен да испрати граничари на границата меѓу украинскиот регион Донбас и Русија, но Украина ја отфрлила таа иницијатива.

– Направив се за да спречам војна и да го одржам мирот пред да започне конфликтот меѓу Украина и Русија. Бев подготвен да ја блокирам границата меѓу Донбас и Русија. Всушност, сакав да ги поставам моите граничари на 400 километри долгата граница и да и пружам останата помош на Украина. Русија се согласи, но Киев одби. Зошто? Затоа што Западот ги принуди да ја започнат оваа војна, нагласи Лукашенко.

Белорускиот лидер истакна дека Киев воведе санкции кон Белорусија уште пред тоа да го стори Западот во интервју за јапонската мрежа ТБС, кое беше објавено на белорускиот канал на Јутјуб Белорусија-1.

Тој изјави дека економиите на Русија и Белорусија се практично неразделни.

– Економски тоа е практично нераскинлив систем. Распадот на тој систем би предизвикал економска катастрофа, рече Лукашенко.

Лукашенко додаде дека Русија има причини да не и верува на Владата во Киев, како и дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, има мала контрола врз она што се случува во Украина.

– Украина не треба да биде точка за напад на Русија. Москва и нуди на Украина исто како и на Белорусија, што значи дека Украина би можела да биде како Белорусија, со некои различни нијанси, рече тој.

Претседателот на Белорусија вети и дека ќе направи сѐ што е во негова моќ за да се стави крај на војната во Украина.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО