22.9 C
Ohrid
Tuesday, August 9, 2022

Лукашенко вели дека Украина ќе мора да прифати некои работи

НАЈЧИТАНО

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека војната во Украина нема да престане сè додека Киев не ги прифати загубите и не преговара со Русија.

Тој истакна дека сè зависи од Украина и оти војната сега може да заврши во околности што се поволни за Киев.

– Таа (Украина) треба да седне на преговарачка маса, да се согласи дека никогаш нема да биде закана за Русија. Киев мора да прифати дека никогаш нема да има оружје на своја територија што би било закана за Русија. Украина, исто така, мора да прифати дека ги изгубила регионите окупирани од Русија на исток и југ. За тоа повеќе не станува збор, за тоа можевме да разговараме во февруари или март – истакна Лукашенко.

Тој истакна дека мора да биде запрена војната со цел да се избегне нуклеарна војна.

– Ајде, да запреме. Не треба да одиме понатаму. Понатаму, тоа е бездна. Понатаму, тоа е нуклеарна војна. Не треба да одиме таму – посочи Лукашенко.

Тој нагласи дека работите може да се влошат бидејќи рускиот претседател Владимир Путин сè уште не ги искористил сите свои сили.

Според Лукашенко, војната во Украина можеше да се избегне ако Западот гарантираше безбедност односно повлекување на НАТО во границите од 1997 година, ако престанеше приближувањето на Украина кон Западот, што Русија го перципира како закана.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО