22.9 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Лубеницата ќе биде уште послатка и повкусна со неочекувана состојка

НАЈЧИТАНО

Ако сакавте да јадете слатка и вкусна лубеница, но при првото залак сте сфатиле дека е горчлива и без вкус, малку сол ќе ви помогне да го подобрите вкусот, пренесува Mashed.

Солта најчесто се користи како зачин бидејќи го подобрува вкусот на храната, во текот на летото се користи и во многу пијалоци како што се маргаритите, а одлична е и за подобрување на вкусот на одредени овошја.

За да го направите вкусот на лубеницата посладок, прескокнете го шеќерот и користете сол. Зошто? Солта е одлична за намалување на горчината. Барб Стаки, експерт за вкус на храна, има прилично добра теорија за тоа зошто тоа функционира.

„Лубеницата има три елементи на вкус, слатко, кисело и горчливо, а горчината може да ја потисне сладоста на лубеницата. Кога ќе посипете малку сол на парчето, тоа ќе ја ослободи сладоста и ќе ја потисне горчината“, објаснува Стаки.

Солта ги активира плунковните жлезди што го прави сè што јадете посочно, што е многу важно во летните горештини. Дали некогаш сте забележале дека колку повеќе се потите, толку повеќе вашето тело копнее за сол? Тоа е мајката природа што вее црвено знаме, потсетувајќи ве да ги проверите вашите електролити. „Солената“ сочна лубеница ви помага да го наполните телото со хранливи материи, да ги вратите електролитите и да го одржувате телото хидрирано со секој залак, пренесува Вечерњи лист.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО