22.9 C
Ohrid
Tuesday, August 9, 2022

Лоши вести за Новак Ѓоковиќ

НАЈЧИТАНО

Ѓоковиќ го освои првиот Мастерс во кариерата во Канада, а во моментов не може да влезе во таа земја да се натпреварува.

Јуџин Лапиер, директор на турнирот во Монтреал, зборуваше конкретно за Новак Ѓоковиќ.

Ќе имаме одличен турнир, таму ќе бидат сите најдобри играчи освен двајца и ги знаеме причините за нивното отсуство“, изјави Лапиер.

Тој мислеше на Новак Ѓоковиќ, кој не е вакциниран против коронавирусот и Александар Зверев, кој се уште не се опорави од повредата на зглобот на Ролан Гарос.

Тој објасни и како Новак може да биде на турнирот.

„Или владата на Канада ќе ги промени правилата за вакцинација или тој ќе ги засука ракавите и ќе ја добие вакцината. Но, мислам дека ниту едно од тие сценарија не е реално“, изјави Лапиер.

Ѓоковиќ неодамна објави дека не планира да се вакцинира, па едно решение е веќе осудено на пропаст.

„Не сум вакциниран и не планирам да бидам вакциниран, така што добрата вест за мене може да биде тоа што е укинат условот да бидам вакциниран за влез во САД или ако е можно да се добие изземање. Не знам, мислам дека изземањето не е реално. Не знам, немам многу одговори на тоа“, изјави Ѓоковиќ.

Надал е пријавен за турнирот, неговиот хотел е резервиран и Лапиер верува дека ќе го види во Канада.

„Надал навистина сака да дојде во Монтреал и неговите хотелски соби се веќе резервирани. Нему му беше испратен гајба со топки кои ќе ги користи за време на турнирот за подготовка. Тој треба да се врати на тренинзите во понеделник“, изјави Лапиер.

Тој објасни и дека е во контакт со Данило Медведев.

Медведев лично ме покани да му помогнам да добие виза за неговата сопруга за таа да дојде со него“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО